Спилата на Таниос

Издавач: КСЦ/Полица | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Le rocher de Tanios | Бр. на страни: 278 | Димензии: 21 | Корица: мека

Во Кфарјабди, бајковито место во либанските планини, постои невообичаена спила која ја следи проклетство и забрана. Сакајќи да ја открие нејзината тајна, нараторот на оваа  ориентална приказна за љубовта, одмаздата и политичките интриги копа по дамнешното минато на родното место. Тој се обидува да ги поврзе деловите од еден летопис од почетокот на деветнаесеттиот век со сеќавањата на старците од селото за тоа бурно доба, кога на ова тло се бореле локалните феудалци, турскиот султан и египетскиот паша, а преку нив и западните сили и колонијалните ривали, воведувајќи ја во игра сета сложеност на Либан во времето на Отоманската империја. На нараторот пред очите му излегува ликот на шеикот Франсис инаку донжуан , учениот маскар Надер  кој чита додека јава, грузиска проститутка, англискиот патријарх кој отвора школо во муслиманско село и кој го демне смртта на нишанот од пушката на англискиот конзул и прекрасната Ламија која својата убавина ја носи како крст; а пред сè Таниос, загадочното момче со побелена коса кој станува херој на омилената легенда. Фанатизам, крв и смрт ќе ја запечатат судбината на јунаците на малуфовиот роман и ќе го присилат младиот Таниос да тргне на пат прогонет во потрага по сопствениот идентитет.

Цена: 300 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Спилата на Таниос

Категорија:
ИСБН: 978-608-4780-54-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Спилата на Таниос”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in