Сплаварот

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Сплаварот : (второ издание на Последниот сплавар на Вардар) | Бр. на страни: 148 | Димензии: 200х140 | Корица: /

Второ издание на „Последниот сплавар на Вардар“, финалист на Роман на годината за 2010).„Сплаварот“ е фиктивна конструкција, но се темели на вистински настани, поточно на конкретни настани и личности од првите години на дваесеттиот век. Во овој роман авторот го воведува читателот во галерија специфични ликови и случувања од предилинденскиот период. Главните ликови се сплаварот Јован и неговиот помошник Арсение, кои плават со сплав по Вардар од Велес до Солун. Во својата одисејска пловидба тие запаѓаат во низа драматични состојби. Владеењето на османлискиот закон на посилниот и пеколните услови на тогашниот ропски живот, Плавевски ги опишува со возбудлива нарација, во чија заднина изнурнуваат буревесниците на македонскиот историски пресврт, гемиџиите и илинденските комити. Сижејниот котелец на романот авторот го ткае со архаичен дијалог, со специфичен наративен стил, со што постигнува невообичаено типизирање на ликовите, чии судбини пловат по текот на нивната трагична животна река.

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Сплаварот

Категорија:
ИСБН: 978-608-225-064-9

Questions and Answers

You are not logged in