СРЕДЕН ПОЛ
Автор:
Џефри Еугенидес
Издавач:
Конгресен Сервисен Центар |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
552 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
/Романот Среден пол е раскажан во прво лице од гледна точка на главниот јунак кој е хермафродит и поради тоа се соочува со големи непријатности, драми и трауми. „Како и Тирезиј, првин бев едно, а потоа друго... Го напуштив своето тело за да се населам во други тела“, се исповеда главниот лик на почеток од книгата. Според искажувањата на авторот, идејата за романот ја добил при читањето на книгата мемоари на Херкулин Барбен, објавени од Мишел Фуко. Во таа книга, Еугенидес го привлекле анализите на појавата на хермафродитството од медицинска гледна точка, но од психолошка страна таму отсуствувала секаква објективна анализа. За да може да напише книга која уверливо ќе ја отслика оваа специфична појава, Еугенидес опстојно консултирал медицинска литература, но она што особено го интересирало е внатрешната психолошка состојба на главниот лик. Информирајќи се дека хермафродитството најчесто се јавува во затворени заедници, авторот дошол до идеја преку мемоари на измислена личност која е хермафродит да раскаже историја на едно семејство, на една заедница која потекнува од една средина и се преселува во целосно друг општествен амбиент (поконкретно, од населбите со грчко население во Мала Азија во градовите во Соединетите Американски Држави).
Оценки
Сѐ уште нема оценки.