Среќа и други раскази / Кетрин Менсфилд

Publisher: Макавеј | Language: Македонски | Year: 2023
Original title: Bliss and other stories / by Katherine Mansfield | Num. of pages: 179 | Dimensions: A5, 21cm | Cover: мека

„Среќа и други раскази“ е брилијантна збирка раскази, отелотворение на препознатливиот стил и на уникатниот став на Кетрин Менсфилд, што датира од 1920-та година. Во неа се вклучени маестрални и безвременски раскази како „Je ne parle pas français“ и „Feuille d'Album.“ Збирката се состои од четиринаесет анегдоти напишани во раниот 20-ти век, меѓу кои „Кисела краставичка“, каде се прикажува еден пар, нивното патување по патеката на спомените и играта на чувствата и времето. „Кога дува ветрот“ е неверојатна приказна за откровението на спомен од детството на една девојка. „Слики“ се фокусира на животот на една угнетена жена на работ на сиромаштијата, а во „Малата гувернанта“ се раскажува за една наивна млада девојка и нејзиниот пат од Франција до Минхен. Менсфилд си ја пронаоѓа ѕвездата водилка во реалијата и во драмите на секојдневието. Независно од околностите, ликовите се соочуваат со суптилни, но шокантни сознанија. Во мозаикот на силуети од семејства и пријателства, емоционалната поврзаност помеѓу ликовите игра клучна улога.

Среќа и други раскази / Кетрин Менсфилд ; превод од англиски Мила Димишковска, Рената Јовановска

Price: 420 ден

10 in stock

Compare
Sold By Макавеј

Report an abuse for product Среќа и други раскази / Кетрин Менсфилд

Categories: ,
SKU: 978-608-205-524-4

Questions and Answers

You are not logged in