Срце на ветрот

Издавач: Паблишер | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: The spinning heart | Бр. на страни: 159 | Димензии: 21 | Корица: тврда

Срце на ветрот е роман за жителите на едно рурално место во современа Ирска погодена од финансиската криза, во кое избиваат опасни тензии. Среде масовната безработица и беспарица, се разгоруваат гневот и насилството, кои кулминираат со убиство на еден стар човек и грабнување на едно дете, сеејќи ужас, горчина и очај меѓу жителите. Во срцето на романот е младиот Боби, кој како и мнозината бара начин да си го прехрани семејството, прогонуван од татковото убиство што многупати и самиот го посакал... Овој полифоничен роман е мозаик од 21 лично видување на настаните раскажани во прво лице, што речиси се читаат како исповеди. Растргнати помеѓу јавната персона и личната болка од семејните конфликти, ликовите преку сопствената вистина расплетуваат една автентична приказна. Технички смело, досетливо, ранливо и претерано човечно, ова маестрално книжевно деби е олицетворение на духот на ирската провинција. Во него Донал Рајан со одлично одмерена мистериозност и длабока проникливост ги овековечува зборовите и мислите на една генерација.

Цена: 250 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Срце на ветрот

Категорија:
ИСБН: 978-608-4569-86-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Срце на ветрот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in