Стилски вежби
Author:
Соња Манџук
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
/ |
Num. of pages:
130 |
Dimensions:
125х195
|
Cover:
/
„Стилски вежби /сето тоа можело да се случи и поинаку/“ е збирка од 27 раскази, концептирана во шест циклуси. Во почетокот на делото како мото се појавува цитат од „Литературни теории“ на Тери Иглтон: (...) Спротивно, пак, повеќето модернистички литературни дела се сведуваат на „чинови на искажувањето“, на процесот со кој настануваат, а кој станува дел од нивната конкретна „содржина“. Тие не се претставуваат како неоспорни текстови, каков што е Бартовиот „природен знак“, туку, како што би се изразиле формалистите – тие ги „соголуваат постапките“ на сопственото оформување... Тие го поттикнуваат читателот на критичко размислување на одделните посебни начини на кои ја конструираат стварноста, па со тоа укажуваат дека сето тоа можело да се случи и поинаку.
Концептот на „отворено дело“ во оваа збирка е нагласен преку начинот на кој одделните циклуси се претставени – како „работни листови“. Улогата на читателот, односно отвореноста на текстот, е истакната на повеќе места. Тоа во посмодернистичката критика е познато како „краток спој”, расцеп, паралелност помеѓу текстот и светот, но во ова дело се оди дотаму што и на читателот му се отстапува „работен лист“.
Reviews
There are no reviews yet.