Стоички мудрости за секој ден
Автор:
Рајан Холидеј
,
Стивен Ханзелман
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
The daily stoic |
Бр. на страни:
448 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
мека
„Стоички мудрости за секој ден“ е несекојдневно четиво што пружа сеопфатен поглед и исцрпно знаење во врска со стоицизмот како античка филозофија. Напишана во форма на дневник во кој секој месец од годината е посветен на различна тема, а секој ден на различна поттема од секојдневното живеење, оваа книга е вистинска книжевна реткост.
Секој ден започнува со цитат на големите стоици што авторите дополнително го продлабочуваат и го доближуваат до читателот.
Триста шеесет и шест цитати проследени од триста шеесет и шест коментари – вистински филозофски требник за сите оние што сакаат да се запознаат со стоицизмот, да навлезат во него или да водат живот во дослух со оваа древна мудрост.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.