Стратегиски маркетинг менаџмент
Д-р Александар Чернев е вонреден професор по маркетинг во училиштето за маркетинг „Келог“ при Универзитетот „Нортвест“. Титулата доктор по психологија ја стекнал на Универзитетот во Софија, а титулата доктор по бизнис-администрација на Универзитетот „Дјук“.
За ова негово дело, неговиот колега Филип Котлер вели: „Теоријата којашто е презентирана во оваа книга е заснована на три идеи. Првата е дека крајниот успех на понудата е определен или од издржаноста на петте клучни компоненти на бизнис-моделот: цел, стратегија, тактика, имплементација и контрола, или од рамката G-STIC. Рамката се употребува за да ги поттикне маркетинг-анализите на компанијата и да обезбеди интегративен пристап во маркетинг-планирањето. Втората идеја е дека при развивањето на понудите компанијата треба да тежнее кон создавање вредности за три клучни субјекти на пазарот: целните потрошувачи, компанијата и своите соработници. Поради тој факт, предлогот за вредноста на понудата треба да биде оптимизиран на тој начин што ќе испорачува супериорна вредност до целните потрошувачи, а истовремено овозможувајќи им на компанијата и на нејзините соработници да ги остварат своите стратегиски цели. Овие три вредности – потрошувачка вредност, соработничка вредност и компаниска вредност, ја сочинуваат рамката 3-B, која претставува основа за стратегиска маркетинг-анализа. Третата идеја е дека маркетинг-активностите на компанијата можат да бидат претставени или преку процесот на дизајнирање, комуницирање и испорачување вредност до нејзините клучни конституенти или преку рамката D-C-D. Оваа рамка нуди нова интерпретација на традиционалниот пристап 4-P, како би се запазила динамичката природа на вредноста при процесот на управување.
Ова издание е корисно како за студентите така и за менаџерите вклучени во процесот на развивање и на спроведување на маркетинг-плановите. Им ја препорачувам оваа книга и на повозрасните извршни директори како би го подобриле своето разбирање за тоа од што се составени една добра маркетинг-анализа и план.“
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
2 reviews for Стратегиски маркетинг менаџмент
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –