Страв и гадење во Лас Вегас
Автор:
Хантер С. Томпсон
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
Fear and loathing in Las Vegas |
Бр. на страни:
216 |
Димензии:
125х195
|
Корица:
/
„Страв и гадење во Лас Вегас“ е култниот роман на американскиот писател (и доктор по новинарство) Хантер С. Томпсон. Опишан како најдобриот роман на деценијата на дрогата, Томпсон со овој роман нè води на неколкудневна екскурзија низ Лас Вегас во потрага по фамозниот Американски сон. Заедно со својот самоански адвокат, и огромно количество на речиси секој вид дрога позната за човекот, Раул Дјук (псевдонимот на Томпсон) тргнува за Вегас на задача да напише сторија за познатата трка на мотори Минт 400 која се одржува во срцето на Невада. Халуциногеното дуо, тркалајќи се низ Вегас, се обидува да го пронајде Американскиот сон, а попатно ги прекршува сите граници за да ги деградираат, злоупотребат и да ги уништат симболите на американското потрошувачко општество и претерување. Тие, очекувано, не ја завршуваат приказната, но ги прават сите можни гревови по кои е познат Вегас.
Неверојатна е јаснотијата и остроумноста со која Хантер Томпсон се присетува и ги запишува искуствата од својот бурен „излет“ во Лас Вегас; тоа е импресивно уметничко достигнување, без разлика на тоа како се чувствувате во врска со темата на ова дело.
„Страв и гадење во Лac Вегас“ е класика на поп-културата и икона на една бурна (но мината) ера.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.