Структурата на уметничкиот текст

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2005
Original title: Структура художественного текста | Num. of pages: 485 | Dimensions: 200х140 | Cover: /

„Структурата на уметничкиот текст“ е најзначајното дело на Јуриј М. Лотман, во кое тој маестрално ја изложува основната идеја за уметничкото дело кое содржи сознајба (уметничкото дело е „модел на стварноста“) и комуникативна функција (уметничкото дело е „знак“). Книжевно-научните трудови на Лотман, а посебно ова дело, ги урнаа спекулациите дека естетскиот ефект е недофатлива појава која не може да биде подведена на научни описи и егзактно систематизирана. Надоврзувајќи се на неговите претходници и проширувајќи ги нивните проучувања со тогашните кибернетички и математички достигнувања, Лотман применува издржана методологија со која на успешен начин ја покажува посебноста на уметничкиот дело. Неговиот пристап не дозволува уметничкиот текст да биде разгледуван како статична целина, односно механички збир на елементи и постапки. Напротив, за него тој претставува функционална структура во која секој елемент ја добива својата смисла единствено во корелација со преостанатите. Поради своите книжевно-научни истражувања и нивното влијание во светската книжевно-теориска мисла, Ј. М. Лотман е вброен меѓу најзначајните семиотичари и проучувачи на книжевноста на 20 век. Под влијание на неговите проучувања, денес постојат неколку семиотички катедри и се организирани повеќе семиотички студии на повеќе универзитети во светот.

Price: 300 ден

8 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Структурата на уметничкиот текст

Category:
SKU: 9989-163-12-X

Questions and Answers

You are not logged in