Свила, ножици
Автор:
Ирена Вркљан
,
Ирена Вркљан
Издавач:
Бегемот |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Svila, škare |
Бр. на страни:
121 |
Димензии:
195x125
|
Корица:
/
Романот „Свила, ножици“ е автобиографски роман во кој авторката раскажува за своето детство во Белград, за преселбата на семејството во Загреб во 1941 година по избувнувањето на војната, за растењето, школувањето и созревањето во тој град, за пропаднатиот брак и за животната рутина што ја прекинува со заминувањето во Западен Берлин. Од специфична женска позиција, авторката го преиспитува својот однос спрема мајка си и татко си, односно спрема женскиот и машкиот свет, и потребата, како жена воспитана во традиционални патријархални рамки, да се избори за своето место што нема да биде само повторување на научените и наследени обрасци. Во ова автентично „женско писмо“ се преплетени автобиографското раскажување, лиричното евоцирање на минатото, како и нагласено рефлексивниот однос спрема настаните и малите детали на секојдневноста за кои се раскажува.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.