Таа ноќ ја видов
Автор:
Драго Јанчар
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
To noč sem jo videl |
Бр. на страни:
192 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
„Таа ноќ ја видов“ е роман што опфаќа неколку години од животот и мистериозното исчезнување на Вероника Зарник, млада и убава буржујка од Љубљана, која е вшмукана од силниот вртеж на бурниот историски период. Нејзината приказна е раскажана низ призмата на пет ликови, кои истовремено говорат и за себе и за турбулентните времиња во Словенија пред и за време на Втората светска војна; времиња што како Молох ги проголтувале не само луѓето со различни убедувања вклучени во историските случувања туку и оние што живееле на маргините на ваквите настани и кои не го разбирале во целост тоа што се случувало околу нив – едноставно, само сакале да живеат. Но, тогаш „само“ да се живее било илузија. Тоа било време кога дури и во навидум сигурното и идилично прибежиште на дворецот на Зарник било неможно да се избегне незапирливиот налет на насилството.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.