Тајната на Османлијата

Издавач: Алманах | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Osmanlı' nın Sırrı | Бр. на страни: 322 | Димензии: 21x14 | Корица: мека

Тајната на Османлијата е историско-детективски роман во кој се испреплетени приказните за наследството на еден истанбулски бизнисмен од еврејско потекло, убиен на  гробиштата Ејуп во Истанбул со бескомпромисната борба на странските разузнавачки служби за ликвидација на „болниот од Босфор“, претставен преку ликот на султанот Абдулхамид II  и обидите на ционистите за формирање на Голем Израел. Основните дејствија се случуваат околу едно дервишко теќе со езотерично учење и една историски потврдена амајлија, која ќе одигра пресудна улога во спасувањето на животот на султанот.                                    _________________________________  (...) Кога стигна во неговата куќа, самошто се спремаше да заѕвони на вратата, забележа дека таа е отворена. Однатре допираа чудни гласови. Полека ја турна вратата, ја протна главата внатре. Се стаписа кога го виде Изак-ефенди со ококорени очи и задавен со црн шал. Телото од половината надолу му висеше од креветот. Очите на Изак-eфенди, кои во моментот кога останал без здив ги ококорил, го гледаа безживотно. Кога направи уште еден чекор напред виде дека сите книги од полиците беа расфрлени по подот и забележа една жена во црна пелерина која бараше нешто меѓу книгите. Ги протри очите и се обидуваше да сфати која е таа жена ... Одеднаш се сети на тајната страница од Зохар. Тајната што таа ја содржеше и која сите ја бараа, која Изак-ефенди само нему му ја беше кажал, се беше претворила во пепел во огнот од каминот. Никој освен него не ги знаеше тајните работи напишани на неа. Значи дека тие, кои ја посакувале смртта на Изак-ефенди, поради тоа би можеле да посегнат и по неговиот живот. Помисли дека и неговиот живот е веќе во опасност.
Рангирано 5 од 5 според 1 рејтингот на корисниците

Цена: 340 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Алманах

Report an abuse for product Тајната на Османлијата

Категорија:
ИСБН: 978-608-4794-10-3

Questions and Answers

You are not logged in