Тајни незнајни
Author:
Киро Донев
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2023
Original title:
Тајни незнајни |
Num. of pages:
116 |
Dimensions:
240 х 170
|
Cover:
мека
„Тајни незнајни“ содржи седумдесетина стихувани и римувани прозни текстови, поделени во четири циклуси. Првиот циклус, со наслов „Азбучна криенка“, е посветен на македонската азбука, при што за секоја буква од македонската кирилица има куса песна, придружена со соодветен цртеж. Во оваа т.н. букварка, најмладите читатели, преку игра на зборови и асоцијации, се поведуваат во учењето на буквите.
Другите три циклуса содржат четириесетина куси раскази срочени како поезија во проза, во кои на најмладите читатели им се откриваат тајните на природата и на животинскиот свет. Расказите во оваа книга се раскажани со јазик и стил лесно прифатлив за децата и препознатлив за Киро Донев, учејќи ги децата што е добро и убаво и што се крие во природата и општеството.
Книгата е илустрирана со седумдесетина цртежи на Мирослав Георгиевски – Миро.
Reviews
There are no reviews yet.