Таму

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 188 | Димензии: 30×21 | Корица: /

ТАМУ го надградува и го проширува досегашниот опус на фотографски дела на Милчо Манчевски, УЛИЦА и ПЕТ КАПКИ СОН. Во овие проекти визуелната текстура на урбаниот живот се манифестира низ композициска и наративна игра, и овој динамичен и експериментален пристап кон создавање слики го обликува ТАМУ. Тргнувајќи од „Жена и зелен ѕид“ и „Црвен ѕид (Бруклин)“, две слики што се читаат речиси како „колор филд“ платна, ТАМУ нè води на патување што е исто толку за чинот на гледање колку и за искусувањето место. Како уметник што работи и со филм и со фотографија, пристапот на Манчевски кон создавање слики постојано ги поместува границите и го избегнува конвенционалното. Неговото рано завлегување во концептуалната уметност продолжува да се отсликува во неговите дела во различни медиуми, а наследството на историската авангарда провејува низ многу од сликите поместени во ТАМУ.

Цена: 700 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Таму

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-425-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Таму”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in