Танц околу Сонцето
Author:
Ведрана Рудан
Publisher:
Арс ЛИБРИС |
Language:
Македонски |
Year:
2019
Original title:
Ples oko Sunca |
Num. of pages:
316 |
Dimensions:
20
|
Cover:
мека
Што е вистината? Сè е само впечаток. „Имам седумдесет години. На насловната страница изгледам како да имам седумдесет. Очните капаци ми се подуени, од алергијата. Очите постојано ми се вцрвенети. Лицето ми е мртовечки бледо, а кога сонцето ќе го допре, него го поздравува со пеги. Во книгата се соблеков докрај. Одвреме-навреме, ослободена од каква било суета, се чувствувам одлично во својата стара, набрчкана, пегава кожа. Жената која ве гледа, таа сум јас. Јас – старата. Јас – изморената. Јас – заситена од животот и среќна што сум жива. Зар не се гледа среќата на моето лице? Прочитајте ја книгата, во неа клечи среќата. Зар не ме слушате? Штета. Се смеам на цел глас.“ Ведрана Рудан Во автобиографијата „Танц околу сонцето“, искрено и без разубавување, Ведрана Рудан пишува за своето ниту малку безгрижно детство, за децата и внуците, за патот што го поминала од продавачка на сладолед на плажа, до најчитаната писателка во регионов. За тоа зошто во социјализмот било неможно да се добие отказ и како станала првата новинарка која успеала да добие отказ во новиот хрватски демократски режим. Конечно, Ведрана Рудан ни покажува зошто во животот е најважно и најтешко без срам да се погледнеш себеси во очи.
Reviews
There are no reviews yet.