Танцот на среќните сенки
Автор:
Алис Манро
Издавач:
Бегемот |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Dance of the shades |
Бр. на страни:
296 |
Димензии:
180x110
|
Корица:
мека
Пред педесет и четири години збирката раскази „Танцот на среќните сенки“ на Алис Манро ја доби наградата Governor General’s Award, една од најважните канадски книжевни награди (чест што ѝ беше укажана на Манро двапати пред да ја добие Нобеловата награда во 2013 г.).
Споредени со долгите, независни приказни, кои подоцна ќе станат заштитен знак на Манро, приказните од „Танцот...“ се покуси и со поконвенционална наративна структура. Расказите од збиркава се движат околу руралните средини на Онтарио. Низ приказните што соодветствуваат со вистинскиот живот на таткото на Манро како одгледувач на лисици, таа ги истражува карактеристичните родови улоги во куќата наспроти надвор од неа, видени низ очите на една млада нараторка.
Од приказна во приказна се чувствува постојан копнеж за независност. Желбата да се крене глас – насушната потреба да се искаже личната или општествената неправда – се бори против тешкиот товар на колективните стандарди. Овој притисок посилно се чувствува кај повозрасните генијално изградени ликови во расказиве, кои во борбата влегуваат со поголем влог и со многу поголеми последиците од неуспех.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.