Тао Те Кинг

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2011
Original title: Ян Хин-шун | Num. of pages: 95 | Dimensions: 120х170 | Cover: мека

Стар мистичен кинески текст во кој се содржат практични мудрости за обичниот човек но и за владетелот и кој претставува толкување на кинеската филозофија и религија. Се смета за базичната книга на таоистичката школа на кинеската филозофија.Ова фундаментално дело за кинеската филозофија, религија и традиција, освен во таоистичката школа, силно влијание извршило и врз други школи, а првенствено врз неоконфучијанизмот. Оваа древна книга е централна и за кинеската религија, па и за кинескиот будизам. Многу кинески уметници, поети, сликари, калиграфи, интелектуалци, па дури и обични луѓе, го користат „Тао Те Кинг“ како инспирација и појдовно сознание за светот. Влијанието на оваа книга е проширено и надвор од Источна Азија, постојат стотици преводи на други јазици и е меѓу најпреведуваните и најобјавуваните дела во светот. Се смета за една од највредните пишани цивилизациски траги на човештвото и има големо влијание врз духовниот и културниот живот повеќе од две илјади години.
Rated 5.00 out of 5 based on 1 customer rating

Price: 150 ден

4 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Тао Те Кинг

Category:
SKU: 978-608-4614-06-7

Questions and Answers

You are not logged in