ТЕЛУРИЈА
Author:
Владимир Сорокин
Publisher:
БАТА ПРЕСС |
Language:
Македонски |
Year:
2016
Original title:
/ |
Num. of pages:
364 |
Dimensions:
21x13
|
Cover:
мека
...Средина на 21-от век. Евроазија. Исламска држава во срцето на Европа. После долгата и крвава војна со воините на вахабистичко-талибанската држава поставени се границите на многубројните нови држави. Целиот свет е трансформиран...
Штотуку завршената нова голема војна и ослободувањето на Европа од вахабитско-талибанското ропство, не довело до обединување, туку до создавање на низа нови државички и подигнување на нови ѕидови. По војната секој сака да живее по свое, во среќа и задоволство. Во секоја државичка постои поинакво општествено уредување, а жителите во секоја од нив, од Атлантикот до Пацификот, како оние што живеат во „демократии“, така и оние што живеат во „деспотии“, богатите и сиромашните, луѓето со вообичаен стас, но и малите, оние со глави што личат на кучешки, антропоморфните суштества создадени во лаборатории, силно го посакуваат она што тој, најдобриот од сите светови, човекот не може да му го пружи: сите чезнат по новите „хоризонти на надеж“, жедни се за телурот кој како „божествен скалпел нурнува во мозоците на милиони луѓе... ги шири границите на човечкото и влева сигурност во Минатото, Сегашноста и Иднината.“
Reviews
There are no reviews yet.