Теорија на копнени возила

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2009
Original title: Theory of ground vehicles | Num. of pages: 606 | Dimensions: 155x228 | Cover: /

Џ.Ј.Вонг е почесен професор на Одделот за машинство и за вселенски инженеринг при Универзитетот „Карлтон“, Отава, Канада. Тој е меѓународно признат експерт за динамика на возила што се движат по пат и за возила што се движат надвор од пат. За својата истражувачка работа има добиено голем број награди од најразлични здруженија.
Тој е свесен дека со влегувањето во новиот милениум, индустријата за возила се соочува со уште поголеми предизвици од кога и да било претходно. Постојано се бараат побезбедни, поеколошки и енергетски поефикасни возила. Со оваа книга е даден придонес во рабирањето на критичните фактори што имаат влијание врз перформансите, управувањето и возењето како основни елементи за равој и за проектирање на копнени возила што треба да одговорат на погоре наведените барања.
Авторот се задржува на веќе применетите инженерски принципи што се користат кај возилата за анализа на нивното однесување. За да се премости јазот меѓу теријата и практиката, во текстот се дадени голем број примери и задачи. Воедно, читателите ќе имаат интересна можност да се запознаат и со една нова теорија што е развиена од самиот автор. Имено, станува збор за лизгачко управување на возила гасеничари. Тоа е само уште еден мотив плус за секој машински инженер да ја поседува оваа книга.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(1 customer review)

Price: 1990 ден

13 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Теорија на копнени возила

Category:
SKU: 978-608-4535-14-0

1 review for Теорија на копнени возила

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in