Тешки љубови

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2007
Оригинален наслов: Gli Amori Difficili | Бр. на страни: 303 | Димензии: 13х20 | Корица: /

Последните четири примерока од Тешките љубови на Итало Калвино.

Книгата раскази Тешки љубови нуди 15 раскази од еден од најголемите италијански писатели на 20 век, во кои се опишани трагикомичните љубовни авантури на 15 различни ликови - фотограф, пливач, патник, разбојник, војник, скијач, читател, кратковид...

Делото го содржи најчистиот Калвино - бујна имагинација, вжарено лудило на раскажувањето, постмодернистичка игра, загадочност на уметничкиот јазик, интелигентна едноставност, прикриени хумор и иронија.

Тешки љубови е насловот под кој Итало Калвино здружил серија новели, што е иронична дефиниција бидејќи онаму каде што се зборува на тема љубов – или љубови – тешкотиите се релативни. Во најмала рака, поентата на овие приказни е проблемот во комуникацијата, постои зона на тишина во основата на меѓучовечките односи.

Во голем дел од книгата се раскажува за парови што не успеваат да се сретнат; изгледа дека во нивното „несретнување“ авторот ја олицетворува не само причината за очајот, туку и фундаменталниот елемент – макар и самата суштина – на врските: на крајот од патувањето чија цел е да стигне кај љубената, патникот сфаќа дека вистинската страсна ноќ е онаа што ја поминал во неудобното купе во втора класа додека јури кон неа. Неслучајно еден од малкуте брачни раскази открива двајца сопружници кои одат во различни смени во фабриката, тој во ноќната, таа во дневната. Можеби насловот што најмногу би можел да го дефинира она што е заедничко е Љубов и недостиг од љубов.

Поетиката на Тешки љубови се содржи токму во тој идеал од совршенство на линеарниот расказ, соединет со идеалот на „хуморот“ главно како иронија кон себеси.

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 380 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Тешки љубови

Категорија:
ИСБН: 9789989266232

1 оценка за Тешки љубови

  1. Rated 5 out of 5

    Basho 2007 (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in