Толку долго патување

Издавач: Артконект | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Such a Long Journey / Rohinton Mistry | Бр. на страни: 424 | Димензии: 14×20 cm | Корица: мека

Густад Нобл е чесен човек, горд татко и добар сопруг кој сонува за безбеден живот во мирно соседство и посакува убава иднина за своите деца. Одеднаш, неговиот живот целосно се менува и тој е соочен со интриги, кавги и загуби на блиски луѓе. Сето тоа кулминира кога без своја волја ќе биде вмешан во криминален скандал што води до самиот врв на индиската влада, непосредно во деновите пред почетокот на војната меѓу Индија и Пакистан.

„Толку долго патување“ е приказна за битката што ја води човек за да го зачува своето достоинство во бурни и нечесни времиња. Раскажан во класичен манир, ова е богат, живописен и трогателен роман, награден со признанието за најдобро книжевно дело што го доделува генералниот гувернер на Канада, како и со наградите „Комонвелт“ и „В. Х. Смит“.

Цена: 350 ден

7 на залиха

Спореди
Продавач Артконект

Report an abuse for product Толку долго патување

Категорија:
ИСБН: 978-608-4852-47-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Толку долго патување”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in