Трите века (второ дополнето издание)
Автор:
Саво Костадиновски
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Трите века |
Бр. на страни:
149 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
/
„Трите века“ е роман – хроника, која е и епско и лирско ехо на меланхолијата, носталгијата, љубовта, судбината, родољубивоста, содржани во суровата животна приказна за трите генерации печалбари од една семејна лоза на три различни континенти, а која се протега во три календарски века и сместена во трите дела на книгата – со вистински настани и личности. * „Моите предци живееле во бурни времиња. Тие времиња повеќе биле невремиња отколку времиња. Несреќите им биле неизбежни во животот. Од мака го напуштале родното место, а со радост му се враќале. А мене – и мака и мачнина ме зафаќаат и кога не му се навраќам и кога му се враќам. Моето отсуство од родниот крај трае долго, ...ја дочекав и глобализацијата. Таа ми ги направи подостапни и меридијаните и родните предели, но не ми ги стивна копнежите и носталгиите. Како да сум роден да бидам заробен од нив. Можеби тие се алката искована од моите зборови, од зборовите што ги запишувам во моите книги. Зборовите ми се утеха, но алката сепак е тешка. ...Животот е отворена книга, како отворено море – непредвидливо и неизвесно. Животот ми е една постојано неиспишана книга. Која никогаш не се испишува, колку и да пишувам. Секогаш ќе се доиспишува, сѐ додека раката ми пишува. А раката не пишува никому, мене ми пишува. Ми пишува за да не заборавам како се паметат спомените. Спомените се лични, ама ако не кажам дека ги имам, исто е како да ги немам. Затоа и сум ја напишал оваа книга!“ Авторот
Questions and Answers
You are not logged in