Црниот Принц

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: The black prince | Бр. на страни: 429 | Димензии: 140х210 | Корица: /

Најуспешниот роман на Ајрис Мердок, Црниот принц, е приказна за љубовта и опсесијата, еден вид софистициран трилер во кој се преплетуваат тензијата на дејството и специфичниот книжевен стил. Главниот лик, Бредли Пирсон, е стар, неуспешен писател, кој се обидува да го напише своето прво ремек-дело, но одеднаш е втурнат во низа хаотични и нејасни настани кои кулминираат со насилство и убиство. Романот е преплетен со голем број есеистички фрагменти за уметноста и за филозофијата, но и со една љубовна приказна, која на крајот завршува шокантно. Честопати споредуван со врвни книжевни дела, како Хамлет од Шекспир или Лолита од Набоков, Црниот принц претставува вистинско ремек-дело на современата литература, во кое се третираат големите теми на љубовта, пријателството, уметноста, насилството и смртта, а се чита во еден здив. „Црниот принц е уникатен роман кој може да се дефинира како филозофски трилер, преполн со „тешки“ и сериозни теми, но исто така исполнет и со хумор и хуманост.“ Тајмс

Цена: 450 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Црниот Принц

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-120-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Црниот Принц”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in