Творби
Во книгата Творби е претставува ракописното книжевното наследство на Константин Тренчев (1895 – 1969) – општественик, родољуб и лекар.
Тренчев е еден од првите македонски доктори, хуманист, патриот и национален деец. Заедно со неколкумина истомисленици, меѓу кои д-р Константин Терзиев од Кукуш и д-р Васил Иванов од Струмица, е еден од основачите на ВМРО 1945, и е еден од потписниците на Меморандумот до големите сили и ООН за создавање самостојна и независна држава Македонија. Учествувал во Првата светска војна, а медицина дипломирал во Виена.
Константин Тренчев се занимавал и со литературно творештво и оставил богат творечки опус, досега речиси непознат за литературната наука и за литературната јавност. Автор е на четири драмски дела (од кои едното е исчезнато при полициските конфискации на сѐ што напишал), поезија и прозни творби. Со творештво се јавува на почетокот на втората декада на 20 век, што е од посебно значење за неговото место во континуитетот на македонската книжевност во тој период.
Во книгата се објавени седумдесетина песни и една поема, три драмски текста, записи историјата и за општествено-политичките состојби во Македонија во дваесеттите години на минатиот век, раскази, авобиографски белешки и прилози.
Книгата содржи и обемна студија на проф. д-р Васил Тоциновски за книжевната оставина на Константин Тренчев.
Reviews
There are no reviews yet.