Уметницата со кана

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: The henna artist | Бр. на страни: 350 | Димензии: 21 | Корица: мека

Живописен и заразен приказ на битката на една жена да се реализира себеси во општество кое е на раб меѓу традиционалното и модерното; Уметницата со кана отвора врата од свет кој е подеднакво раскошен и фасцинантен, колку што е мрачен и злобен. По бегството од насилен брак, седумнаесетгодишната Лакшми се упатува во вибрантниот, розов град Џајпур. Таму станува најбараната уметница со кана, но и најголемата чуварка на тајни на најбогатите жени од високата класа. Но иако богатите ѝ ги откриваат сите свои тајни, таа никогаш не смее да ги довери своите некому… Лакшми станува позната по оригиналните дизајни и добрите совети, но мора да биде внимателна за да не стане жртва на љубомора и озборувања кои би можеле да ѝ ја уништат репутацијата и заработувачката. Додека го исполнува својот сон за независен живот, сенки од минатото носат нови ризици. Нејзиниот поранешен маж ја пронаоѓа по многу години и се соочува со неа со сестрата што Лакшми не ни знае дека ја имала. Одеднаш, сите нејзини внимателно градени безбедносни ѕидови се под закана. Но Лакшми повторно продолжува да се бори низ животот, користејќи ги своите таленти за да се издигне над сѐ, воедно издигнувајќи ги и сите што ја опкружуваат.
Рангирано 5.00 од 5 според 1 рејтингот на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 490 ден

7 на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Уметницата со кана

Категорија:
ИСБН: 978-608-260-096-3

1 оценка за Уметницата со кана

  1. Rated 5 out of 5

    Слаѓан

    Прекрасна е!

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in