Уметноста на живеењето
Автор:
Епиктет
Издавач:
Ѓурѓа |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Egcheiridion |
Бр. на страни:
156 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Врвно дело кое е класичен водич за доблесен, исполнет и среќен живот. Книгата е реален и рационален пристап за тоа како да го живеете својот живот базирана на личен развој на карактерот, доблеста и однесувањето. Ви покажува како да размислувате јасно и како да работите на себе секој ден за да станете подобра личност. Епиктет нѐ учи дека мора да ги знаеме работите што можеме да ги контролираме, и работите што не можеме да ги контролираме, дека треба да ги видиме работите такви какви што се, дека настаните не нѐ повредуваат, но нашите ставови за нив можат, да ги прифатиме настаните како што се појавуваат и да се грижиме за тоа што го имаме. Со векови луѓето прашуваат како можам да живеам среќен, исполнет живот? Како можам да бидам добра личност? Вообичаениот одговор ќе го најдете во лекциите на Епиктет.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.