Великанот
Многу големи приказни започнуваат кога авторот се прашува „Што ако...“, а романот насловен „Великанот“ од Колин Фалконер е еден од тие приказни. Во овој случај, Фалконеровото прашање е: „Што ако Александар Македонски го преживеал обидот за атентат во 323 пред нашата ера?“ и дејствието започнува токму од овој момент. Колин Фалконер раскажувајќи во прво лице во сегашно време на интересен и суптилен начин се враќа во минатото кога Александар Македонски фрла око на Картагина, а на крајот кон Европа и нуди една алтернативна историја.
Приказната во која се испреплетуваат голем број историски личности и настани преку бројните живописни акциони моменти го прави овој роман лесно читлив и интересен. Читателите на историскиот и воениот жанр ќе добијат единствено дело со коешто ќе ја збогатат својата домашна библиотека а воедно ќе имаат прилика да го запознаат Александар Македонски од сосема поинаква гледна точка.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.