Ветрогонот Бабукиќ и неговото време : пикарски роман

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Vjetrogonja Babukić i njegovo doba: pikarski roman | Бр. на страни: 416 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

Главниот лик на филмот „Терминал“ бил заробен на аеродром девет месеци, а херојот од новиот роман на Миљенко Јерговиќ патува со авион низ целиот свет цели триесет години.

Се вика Бабукиќ, а во светот тргнува со почетокот на нашата последна балканска војна. Бега од Загреб, од работата во ЈНА и од трудната љубовница, преку Љубљана, некаде далеку, што подалеку. Веќе на првиот лет за Франкфурт, стекнува чудна дарба да го научи секој јазик веднаш штом ќе го слушне и сите – од цариници и стјуардеси до обични патници – неизмерно да му веруваат.

Авантурите на Бабукиќ се споредливи само со оние на Дон Кихот. Обиколувајќи го светот безброј пати, а никогаш не излегувајќи од аеродром или од авион, тој внимателно ги слуша неверојатните приказни на луѓе од сите раси и религии – од дагестанската вештерка, преку шведскиот антрополог Олсон, до Динко Микуличиќ, синот на најпознатиот убиец на УДБА, со кого на белградскиот аеродром ќе го дочека крајот на светот.

„Ветрогонот Бабукиќ и неговото време“ е современ пикарски роман, кој ги отсликува нашите стравови, немири, опседнатоста со секс, озборување и алкохол. Јерговиќ напишал дело во кое неговиот лик, истовремено грижлив и суетен, плашлив и храбар, е вистински херој на нашето време.

Цена: 500 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Ветрогонот Бабукиќ и неговото време : пикарски роман

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-243-547-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Ветрогонот Бабукиќ и неговото време : пикарски роман”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in