Во длабините на фантазијата

Publisher: Алманах | Language: Македонски | Year: 2014
Original title: Amak-ı Hayal | Num. of pages: 203 | Dimensions: 21х13 | Cover: мека

Овој романот на истакнатиот турски писател од 19 в. Ахмет Хилми, е оригинално дело според својата форма и наративност. Зад првиот впечаток на фантастично дело, се разоткрива приказната за духовното патешествие на човекот кон единството со бога претставена преку филозофијата на единство на постоењето во суфизмот.Патешествието на главниот лик, Раџи, започнува со потрага по среќата, која овој млад љубопитен човек нема да може да ја најде во книгите или пак во забавите со своите пријатели. Неговото запознавање со „дервишот со огледалца,“ Ајнали Дедо, и разговорите со него ќе влијаат Раџи да најде нова смисла во животот и да се спаси од духовната криза во која е западнат.Освен врз исламското учење, писателот низ исламско гледање на работите, се осврнува и на другите источни религии, будизмот, браманизмот и зороастрианизмот. Како алегорични ликови во романот се појавуваат Буда, Заратустра и Брахма и нивните различни гледишта за постигнување на среќата, што му дава универзална димензија на делото.Според филозофијата на единство на постоењето, која е основна идеја на суфизмот, Создателот и создаденото потекнуваат од ист извор и претставуваат единство. Сите суштества и целиот свет се одраз на бога, човекот потекнува од бога и повторно му се враќа на бога. Ова единство е симболично претставено низ целиот роман преку примерот на единството на Раџи и Ајнали Дедо, односно преку духовното водење на Раџи од страна на Ајнали низ патот на созревањето до крајната цел на откривање на тајната на единството и вистинската среќа. 

Price: 300 ден 210 ден

2 in stock

Compare
Sold By КупиКнига

Report an abuse for product Во длабините на фантазијата

Category:
SKU: 978-608-65688-3-2

Questions and Answers

You are not logged in