Во времето на љубовта

Издавач: БАТА ПРЕСС | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 178 | Димензии: 110 x 170 | Корица: мека

Љубов – кој би можел да ги пресмета нејзините промени, да ја измери нејзината сила, да ѝ ги открие маските што ги носи, или да ги предвиди нејзините спојувања и разделби?
Сит Аин е богата, угледна и убава жена. Средовечната вдовица живее во раскошна палата со голем двор, седи со својот препознатлив чадор и со нејзината мачка. Таа е силна и активна жена, мајка на своето соседство, постојано се движи, ги штити и им помага на соседите, сиромашните, беспомошните... За разлика од неа, нејзиниот син Езат е многу поинаков, емотивен и несигурен на свој начин. Уште од мали нозе е заљубен во сиромашката убавица Бадрија, љубов што не наидува на одобрување кај мајката и добротворка Сит Аин. Но, за среќа или несреќа, во Бадрија е заљубен и Хамдун, најдобриот пријател на Езат.
Ова е приказна со неочекувани пресврти и крај во средината на дваесеттиот век во Египет, за амбицијата, богатството, за политиката и над сѐ за љубовта во разни форми.
Иако настаните опишани во оваа новела се измислени, историскиот контекст е вистинит.
Нагиб Махфуз е роден на 11  декември 1911 година во Каиро, а умрел на 30 август 2006 година. Тој е египетски филозоф, романсиер и драмски писател. Во 1988 година тој стана првиот и засега единствен добитник на Нобеловата награда за литература од арапскиот свет.

Цена: 199 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product Во времето на љубовта

Категорија:
ИСБН: 9786082530314

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Во времето на љубовта”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in