Војна и мир, том 3

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Война и мир | Бр. на страни: 518 | Димензии: 135х200 | Корица: /

Излишно е да се пишува двореченичен вовед за „Војна и мир“; неправедно и нелогично е да се премолчат барем неколку од епитетите и пофалбите што го придружуваат ова капитално книжевно остварување на Лав Николаевич Толстој уште од неговата прва објава до денес: „рускиот еп“, „величествено ремек-дело“, „најголемиот роман на сите времиња напишан на кој и да е јазик“... И имињата на фалителите не е излишно да се наведат пред вторите три точки од овој пасус: целата руска класична школа, Галсворди, Флобер, Ролан, Томас Ман, Хемингвеј...

Проследувајќи ги – минуциозно, низ очите на пет аристократски семејства – настаните врзани со француската инвазија врз Русија и односот Наполеонова ера/царизам на прагот на XIX век, „Војна и мир“ веќе два века се промовира како врв на книжевниот реализам и тоа на оној начин што најубаво го опишува Исак Бабељ кога вели: „Ако светот би можел самиот да се пишува, би пишувал како Толстој“.

Ова е третиот том од ова четиритомно издание на Толстоевиот magnum opus – чијшто нов, втор македонски превод е несомнено еден од високите дострели на оваа едиција, но и на агилноста на македонскиот јазик.

Рангирано 5 од 5 според 1 рејтингот на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 350 ден

17 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Војна и мир, том 3

Категорија:
ИСБН: 978-608-247-052-8

1 оценка за Војна и мир, том 3

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in