Вовед во агрономија: Храна, земјоделски култури и животна средина

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2011
Original title: Introduction to Agronomy: Food, Crops and Environment | Num. of pages: 576 | Dimensions: 200x255 | Cover: /

Оваа книга нуди вовед во агрономијата, на ниво достапно за широката публика, вклучувајќи ги и студентите по земјоделство и неземјоделските науки. Покрај науката за земјоделските култури, опфатена е и одржливоста на земјоделството и неговата важна улога во општеството. Дискусиите по овие теми се водени од историски аспект, економски, прехранбен и од аспект на ресурсите. Разгледани се влијанијата на климата и на почвите врз земјоделските практики, а особено влијанието на воздухот и квалитетот на водата. Опишани се методите за управување на ефикасното производство на растенија и на земјоделски култури со нивно размножување и со примена на биотехнологија.
Автори на ова издание се Крег С.Шифер, професор на одделот за агрономија и генетика на растенијата при Универзитетот „Сент Пол“, Минесота и Кристин М.Монкада, асистент на истиот оддел, со посебен ангажман во делот на разработка на електронски алатки за управување со ризици кај органското земјоделство.
Други клучни карактеристики на оваа книга се: концизната презентација на концептите, употреба на илустрации за подобро совладување на материјата, интеграција на сите делови од системот за производство на храна, потенцирање на важноста што ја има земјоделството како еден од главните извори за добивање храна и истакнување на потребата за одржлива употреба на почвите и на растителните ресурси, поради нивната клучна улога за иднината на продуктивното земјоделство.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(3 customer reviews)

Price: 1990 ден

50 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Вовед во агрономија: Храна, земјоделски култури и животна средина

Category:
SKU: 978-608-229-086-7

3 reviews for Вовед во агрономија: Храна, земјоделски култури и животна средина

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

  2. Rated 5 out of 5

    Иво Митрушев (verified owner)

  3. Rated 5 out of 5

    Иво Митрушев (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in