Времепрашина
Author:
Науме Радически
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2016
Original title:
Времепрашина |
Num. of pages:
101 |
Dimensions:
200х130
|
Cover:
/
Ова е шеста поетска книга на Радически (1953-2014), кој зад себе остави богат творечки и научен опус од областа на книжевноста и книжевната историја. Книгата содржи повеќе од седумдесет песни кои се поделени во три циклуси, од кои најобемниот е насловен како „Песни во настанување“, односно ги содржи последните напишани песни на авторот. Во книгата е објавен и поговор на Владимир Мартиновски, кој, меѓу другото, пишува: „Воведувајќи заумен поетски неологизам, македонскиот поет, теоретичар, есеист и преведувач Науме Радически (1953-2014) со постхумно објавениот поетски ракопис Времепрашина нè води кон една друга загадочна геопоетичка врска, онаа меѓу времето и земјениот елемент, симболизиран преку прашината која плови во воздухот. За овој поет, прашината прераснува во симбол на поминатото време, на наталоженото историско искуство... ...Неговата песна е истовремено и „ослободена“ и „заумна“ и „обредна“ песна! Во поезијата на Науме Радически песната е „семирска сонда“! Таа е „времеплов“ што може да го однесе (или да го врати) поетот во секое време, но и да го насочи и кон некои немерливи страни на времето. Песните на овој поет се еден вид патувања до бескрајните длабочини на вселената: промислувајќи ги загатките на времето, поетот нè соочува и со тајните на вечните закони на просторот. Натопена во мистичните и ониричните искуства, поезијата на Науме Радически, како видовита и лековита реч, ни ги отвора портите кон вечното и универзалното, водејќи нè кон наслушнувања на ѕвездената тишина и кон простори распеани во сон.“
Questions and Answers
You are not logged in