Втор час по пеење и мислење
Вјачеслав Купријанов (1939), руски поет, прозаист, есеист и преведувач, е добитник на десетина меѓународни книжевни награди, преведен е на петнаесетина јазици. Неговото творештво е оценето како поезија на мислата. Неговата поезија е „интересна синтеза на лирика и филозофија“ (Г. Пожењан); „Силата и привлечноста на поезијата на Купријанов е во мислата, пројавена низ длабоко личносно, емоционално восприемање на светот“ – А. Сенкевич; „стиховите на Купријанов се трезвено ехо од лирската воздишка на епохата“ – В. Липњевич; неговата поезија е „јасна пројава на парадоксален интелектуализам...“ – Г. Филипов; „Нејзината наводна апстрактност, ако повнимателно погледнеме, е далеку поактуелна од напати восхитувачките агитациски стихови“ – Р. Лауер...
Reviews
There are no reviews yet.