За управувањето со царството

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: De administrando imperio | Бр. на страни: 191 | Димензии: 21 | Корица: мека

Константин VII Порфирогенет (905 – 959) е четвртиот цар на македонската династија во византиската империја, кој владее од 913 до 959 година. Тој е син на царот Лав VI Мудриот. Познат е како писател и научник, кој сето време е опкружен со учени луѓе. Од најрана возраст се интересира за културата и уметноста, па историјата повеќе го памети по научната и културната активност, отколку по политичката дејност. Автор е на трактатот „Геопоника“, списот „За управувањето со царството“, делата „За темите“ и „За церемонијалот на византискиот двор“.

„За управувањето со царството“ е латинскиот наслов на делото „На мојот син Роман“ напишано во оригинал на средновековен грчки јазик, од царот Константин VII Порфирогенет. Станува збор за теориски, дипломатски прирачник за внатрешната и надворешната политика, што ќе му користи на неговиот наследник, синот Роман II, при управувањето со царството по преземањето на должноста. Ова дело е истакнат пример на византискиот енциклопедизам и содржи важни податоци за раната историја на многу европски етнички групи, од кои некои до денес ги задржале своите имиња, а други исчезнале од пишаните извори.

Цена: 349 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product За управувањето со царството

Категории: ,
ИСБН: 978-608-267-679-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “За управувањето со царството”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in