Задолжителна среќа
Автор:
Норман Манеа
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
Fericirea obligatorie |
Бр. на страни:
220 |
Димензии:
120 x 200
|
Корица:
/
Манеа е мајстор на атмосферата. Неговите раскази потсетуваат на традицијата на Кафка и Гогољ според употребата на гротескното и фантастичното и нивното суптилно мешање со реалноста. Политичкото, реалното и трагичното се испреплетуваат со апсурдното и бизарното. Во мачната атмосфера на животот под Чаушеску, Задолжителна среќа, преку контрасти и необични детали, создава слика за животот во една гротескна полициска држава, за политичките и личните драми, изразувајќи ги и теророт и надежта истовремено, и стравот и солидарноста, и хумористичната тривијалност на секојдевното и болната потрага по идеал.
Сатирата, тоа моќно субверзивно оружје на отпорот, која избива низ кафкијанските разговори и коментари, ја затвора оваа збирка со некој вид парафраза на Алфред Жари, дека хуморот и сатирата се најдобрата одбрана пред сериозните и загрозувачки нешта.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.