Засекогаш млади
Author:
Норман В. Волкер
Publisher:
Мартина |
Language:
македонски |
Year:
2012
Original title:
Auch sie konnen wieder junger werden |
Num. of pages:
228 |
Dimensions:
17х12
|
Cover:
/
Содржината на оваа книга е – свеснон или несвесно – позната од самиот почеток на светот. Моите истражувања ми овозможија да осознаам дека се што е штетно во животот е последица на човековата глупост и слабост. Познавањето на законите на природата – а незначителен дел од тоа знаење е пренесено на страниците на оваа книга – е неуништливо.
Не ја оставајте оваа книга настрана, каде што глувците ќе ја изгрицкаат нејзината корица. Пишаниот збор на нејзините страници останува неуништлив, а вие можеби ќе сакате да си ги освежите спомените на неа. Затоа, книгата ставете ја на место каде што вие, вашето семејство и вашите пријатели ќе можете да ја видите, па можеби ќе посакате да извлечете некакава корист од нејзините пишани зборови, реченици или од цели страници, кои ви ги препорачав.
Не заборавајте дека со зборување го повторувате она што го знаете. Со читање и со пишување многу често можете и нешто паметно да научите.
Празната кутија прави голема врева ако во неа има само едно камче, но ако е полна, таа е тивка и тешка. Тоа важи и за човековата глава.
Никогаш нема да ги заборавам зборовите што ги чув во својата осумнаесетта и деветнаесетта година. Тоа беше камен-темелник во мојот живот: „Колку повеќе знаеш, толку повеќе треба да слушаш“.
Questions and Answers
You are not logged in