Заточението во Сахара – Фезан

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2013
Original title: Заточението во Сахара - Фезан | Num. of pages: 218 | Dimensions: 240х170 | Cover: мека

Книгата „Заточението во Сахара – Фезан“ (том 9), првпат објавена во 1910 година, во Софија, е првиот мемоарско-историографски труд на Павел Шатев, со кој тој го најавува својот обемен научен и публицистички потенцијал. Само по две години по неговото ослободување најплодниот регистратор на македонското револуционерно движење, штипјанецот проф. д-р Љубомир Милетич, ќе ги објави неговите искажувања дадени во 1908 година, преточени во изданието „Солунскиот атентат и заточениците во Фезан“, како дел од „Материјалите за историјата на македонското ослободително движење" на Македонскиот научен институт во Софија. Кон оваа едиција од девет тома на собраните објавени и необјавени трудови, статии, материјали, ракописи и документи на Павел Шатев, негов прв мемоарски труд се објавува првпат интегрално на македонски јазик. Шатев е единствениот жив гемиџија и е единствениот што можел изворно да ги пренесе случувањата за солунските атентати и доживувањата на осудените атентатори и другите македонски заточеници. Во книгата Шатев се претставува не само како извонреден мемоарски прозаист, туку и како толкувач на македонските историски настани и судбини. Своите доживувања Шатев ги опишува со многу детали, описи и историски податоци на местата низ кои поминувал, а особено историските, природните, географските, стопанските и културните карактеристики на областа Фезан. Тоа му овозможило не само свежите сеќавања од две години по враќањето од заточение кога ја напишал книгата, туку и дневникот што го водел од судењето во Солун до неговото амнестирање и враќање во Македонија. Секако дека при подготовката на книгата Шатев консултирал, како што се гледа од фуснотите, и дополнителна литература за земјата во којашто бил заточеник. Книгата е збогатена со повеќе од 50 фотографии. Во книгата првпат, што е мошне значајно за македонската историографија, Шатев дава и список на 50 македонски заточеници во Фезан по окрузи, како и портрети на македонските гемиџии: Марко Бошнаков и Милан Арсов.

Price: 400 ден

7 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Заточението во Сахара – Фезан

Category:
SKU: 978-608-4614-41-8

Questions and Answers

You are not logged in