Затоплување, ладење, осветлување: Одржливи методи за дизајн за архитекти
Оваа книга е посветена на еден поодржлив и поправеден свет и на идејата дека спречувањето на глобалното затоплување е можно. Со оглед на тоа дека затоплувањето, ладењето и осветлувањето се постигнати со потрошувачка на енергија, која од друга страна со процесот за нејзино добивање допринела кон глобалното затоплување, пред архитектите се поставува една многу значајна задача: конципирање на објекти во кои таа потрошувачка на енергија е сведена на минимум. Иако одржливоста е соочена со многу предизвици, сепак предизвикот со потрошувачката на електричната енергија може да се издвои како еден од најголемите. Тргнувајќи од тој факт, фокусот во оваа книга е насочен токму кон развивање на вештините и на знаењата потребни за конструирање на градби што ќе имаат мала потрошувачка на електрична енергија.
За да се добие уште поголема ефикасност на текстот, авторот на многу прегледен, концизен и логичен начин, се задржува и детално ги разработува клучните моменти во еден проектантски процес, кога се донесуваат одлуките од кои зависи енергетскиот биланс на еден објект. Сето ова најмногу се однесува на раните фази од проектот, кога може и најмногу да се влијае на самата градба. Одлуките за големината, оријентацијата и за формата на објектот, имаат суштинско влијание врз сите останатите фази од проектот.
Норберт Лехнер е пензиониран професор и архитект од Универзитетот во Обурн, Алабама, САД. Моментално има своја консултантска фирма која ја промовира употребата на хелиодоните како симулатори на релациите помеѓу сончевата светлина и даден објект.
Информациите што се дадени во оваа книга се пласираат на три нивоа. Во првото ниво се разработува енергетската оптовареност на објектот, со предлог мерки за намалување на потребата за греење, ладење и за осветлување. Второто ниво се задржува на користењето природни извори на енергија до максимално можното практично изводливо ниво. Третото, и последно ниво, се однесува на механичката и на електричната опрема која треба да ги задоволи сите останати потреби што не се задоволени со претходните две нивоа.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на arhitektura@arslamina.com.
4 reviews for Затоплување, ладење, осветлување: Одржливи методи за дизајн за архитекти
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
TOP kniga !