Заврти нова страница во својот живот
Ти си сонувач. Твоите соништа ќе станат реалност кога ќе одлучиш да ги живееш. Ти си семоќно суштество. Најголемата моќ е во твојата ЉУБОВ. Ти си светлина. Секогаш знаеш да блеснеш во најголе мата темница. Ти си ЧУДО.
Луѓето кои се сакаат себеси им дозволуваат на другите да бидат тоа што се, прифаќајќи ги такви какви што се, без намера да ги променат. ... Љубовта не значи да бидеш врзан, туку да бидеш слободен во своите избори, да бидеш целосен и кога никој не е до тебе, да се чувствуваш сакано и ако си заминат од тебе, да се сакаш иако другите не го сакаат тоа што си ти.
Верата во доброто секогаш се враќа со добро. Ако сме отворени кон животот и даваме дозвола да ни се случуваат работите, животот секогаш ќе нѐ дарува кога ќе ни биде најпотребно. Животот нѐ сака и поддржува во секој момент, но за да го почувствуваме тоа, треба и ние да почнеме да го сакаме и да веруваме дека сме заштитени и поддржани.
3 оценки за Заврти нова страница во својот живот
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Marija Stojanova (верификуван корисник) –
Марко –
Перење мозок. Позитивните афирмации не работат. Похотна желба за заработка и ништо повеќе. Псевдонаучна псевдопсихологија.