Земјена архитектура: Од Античка до Модерна

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2010
Original title: Earth architecture: From ancient to modern | Num. of pages: 208 | Dimensions: 175x235 | Cover: /

Од античките тврдини на Нов Зеланд па сé до меморијалниот центар на ветераните од Виетнамската војна во Вашингтон, земјената архитектура е присутна низ целиот свет повеќе од 6.000 години. Најчесто таквата архитектура ја поврзуваме со античките култури, но на наше големо изненадување и задоволство авторот ги поставува во оваа книга едно до друго античките дела и модерните дела.
Вилијам Н. Морган
е архитект, претседател на здружението „Архитекти Вилијам Морган“ од Џексонвил и поранешен претседател на Архитектонскиот конзерваториум „Бејнек-Ривс“ при Универзитетот во Флорида. Неговата мисија е да се увери дека не ја пропуштаме, ниту, пак, ја потценуваме големата креативна енергија на човештвото и неговата интегрална поврзаност со животворната почва и со водата што нé опкружува.
Во ова издание е создаден непроценлив преглед на дела
креирани со употреба на еден од најосновните градежни блокови што ни се достапни: земјениот, со повеќе од двесте извонредни илустрации што ги надополнуваат деталните описи на повеќе од педесет локации ширум светот. Насипите, обликуваните ридови и терасите се само дел од категориите што ги испитува Морган систематски преку надбљудување на буквално сé, од полуподземните живеалишта па сé до големите инженерски проекти.
Авторот е фокусиран врз употребувањето на земјата во архитектонски цели за обликување на општествата и на заедниците, притоа сугерирајќи на импликациите од современата архитектура и на локациите за кои дискутира во оваа книга, со што се нудат многубројни предуслови за одржлив дизајн, штедење на енергија и за збогатување на природата.
Книгата е напишана на обичен, нетехнички јазик, со што станува многу интересна не само за архитектите туку и за широката публика нудејќи страствен поглед кон една запоставена област во архитектурата.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
arhitektura@arslamina.com.

 

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(1 customer review)

Price: 1150 ден

249 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Земјена архитектура: Од Античка до Модерна

Category:
SKU: 978-608-229-128-4

1 review for Земјена архитектура: Од Античка до Модерна

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in