Женски декамерон
Автор:
Јулија Вознесенскаја
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Женский декамерон |
Бр. на страни:
404 |
Димензии:
/
|
Корица:
мека
„Женски декамерон“ е книга за десет млади советски жени, кои ќе се најдат во исто породилиште во Ленинград, во период кога во таа установа е воведен карантин. Тие ќе мораат да поминат таму уште десет дена, нешто што, секако, воопшто не ги радува. Тогаш на едната од нив ѝ текнува да ја повтори приказната што прв ја раскажал фирентинскиот писател Бокачо; имено, за време на десетте дена да се забавуваат раскажувајќи си приказни за животот, за мажите, за љубовта, за љубомората, за неверствата, за заведувањето, за фарсичниот секс, за парите, за среќата и за многу други нешта што ја возбудуваат секоја женска душа, вклучително и руската. Предлогот е едногласно прифатен и во тие десет дена жените раскажуваат сто приказни – по една приказна на ден од секоја од нив – во кои се насетува суровата реалност на едно општество распарчено од самоубиства, разводи и алкохолизам, сиромаштија, закани за ужасни затворски казни. Истовремено, од оваа книга зрачи страсна верба во духовната сила на руската жена, со која сочувствуваат читателите низ цел свет.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.