Житковските божици

Издавач: КУЛТУРА | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 486 | Димензии: 13.5x20 | Корица: мека

Високо на ридовите на Белите Карпати живеле од одамна жени надарени со исклучителни способности. Знаеле да лечат и да помагат во секакви маки, знаеле да посоветуваат во потешкотии а исто така, наводно ја претскажувале иднината. Ги нарекувале божици а своите знаења ги предавале од генерација на генерација. Дора Идесова спаѓа кон последните од родот на житковските божици. Но не ја научила нивната уметност, завршила етнографија и решила да напише за нив опширна научна студија. Кон крајот на деведесетите години во пардубичкиот архив на министерството за внатрешни работи открива папка водена од Државната безбедност за внатрешен непријател - нејзината тетка, божицата Сурмена. Дора ги расплеткува судбините на житковските жени и со изненадување открива дека, иако самата не постанала божица, и таа е неодделив дел од таинствената традиција ...

 

Авторката Катерина Тучкова (род. 1980) завршила Историја на уметноста и бохемистика на ФФМУ во Брно, денес работи како куратор. Дебитирала со новелата Монтеспанијада (2006), во 2009 го издава романот Прогонството на Герта Шнирх, за што ја добила наградата Магнесија Литера 2010 – Книжевниот клуб награда од читателите и била номинирана за наградата Јозеф Шкворецки, Магнесија Литера за проза и за наградата Јиржи Ортен.

Автор е на неколку стручни публикации од областа на чешкото сликарството, објавува книги кои се на границата меѓу историјата и белетристиката. Автор е и на белитристичката биографија Мојот татко Ками Лхотак (2008).
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 299 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Култура

Report an abuse for product Житковските божици

Категорија:
ИСБН: 978-9989-32-787-2

1 оценка за Житковските божици

  1. Rated 5 out of 5

    Jasminka Delova-Siljanova (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in