ЖИВОТНИТЕ ОД АЗИЈА : пиши-бриши вежбанка : возраст 3+
Автор:
Оливера Ќорвезироска
Издавач:
Либи |
Јазик:
Македонски |
Година:
2023
Оригинален наслов:
ЖИВОТНИТЕ ОД АЗИЈА : пиши-бриши вежбанка : возраст 3+ |
Бр. на страни:
24 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Помогни ù на палавата панда да си го најде креветот од бамбус, доцртај му реси на слабините и на опашката на јакот и придружувај ја двогрбата камила на патот кон оазата.
Со овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, вежбанката ќе им помогне на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку:
• Почетно пишување разни видови линии (прави, коси, заоблени, брановидни и цикцак);
• Слободно пишување линии;
• Развивање на фините моторни вештини на мускулите на рацете и прстите (графомоторни вештини);
• Можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно.
Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со овој или со друг маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.