Животот е живот
Автор:
Џанг Хаиди
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Најдобрата кинеска литература за деца-антологија |
Бр. на страни:
226 |
Димензии:
21
|
Корица:
/
МЕКА КОРИЦА Книгата "Животот е живот" е збирка од 30 раскази за деца. Во Кина досега имала седум изданија. Во предговорот авторката вели: „Оваа книга е зелениот лист на мојот живот. Досега имаше седум изданија. Многу пријатели ми пишуваат за да ми кажат дека многу им се допаѓа оваа книга, што мене ме исполнува со огромна среќа. Но, понекогаш се чувствувам вознемирена затоа што оваа книга е завршена во различни времиња. Мојата физичка болка, пак, ми ги блокира мислите така што, понекогаш, имам нејасни периоди кога не можам да продолжам да пишувам. Мојата надеж ме охрабруваше да дадам сè од себе за да пишувам.“ Џанг Хаиди (родена во 1955 година) е претседател на Кинеската федерација на лица со посебни потреби и е познат активист во кинески и меѓународни организации за овие лица. Нејзините поважни романи се „Сон во инвалидска количка“ и „Самит“. Нејзини најпознати прозни дела се „Прозорец со отвор кон небото“ и „Животот е живот“. Нејзини преведуванидела се „Клиника на крајбрежјето“, „Ребека во новото училиште“ и „Патопис на малечкиот воденичар“. Кај младите Кинези таа е позната како Сестра Хаиди. Во голем дел од своите книги пишува за лицата со посебни потреби и во нив има многу автобиографски елементи. Нејзината проза е искрена, храбра и трогателна.
Questions and Answers
You are not logged in