Животот на литературната класика

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Животът на класиката | Бр. на страни: 184 | Димензии: 21 см | Корица: тврда

Кои се главните карактеристики на класичните епохи и книжевните трендови од антиката до денес? Кои се иконите автори и дела што се задолжителни за секој читател? Кои се доминантните теми и прашања? Одговорите на овие прашања се бараат во книгата на Пламен Тотев.

Книгата фрла светлина врз историскиот развој на античката и европската литература, давајќи упатства - кој е кој и каде е во книжевно-историскиот процес, кои се моделите во развојот на големата светска литература, кои се закономерностите во развојот на големите светски литератури низ вековите, кои се најважните особености на класичните епохи и правци од древноста до денес.

Освен информациите за главните литературни епохи и правци од антиката и ренесансата до модернизмот, книгата вклучува и анализи на класични дела како што се „Илијада“ на Хомер, „Цар Едип“ на Софокле, „Подвизите на Александар“ на Калистен (Псевдо-Калистен), „Робинсон Крусо“ на Д. Дефо, „Грофот Монте Кристо“ на А. Дима, „Чичко Горио“ и „Изгубени илузии“ на О. де Балзак, „Црвено и црно“ на Стендал, „Ругон-Макарови“ од Е. Зола, „Бел Ами“ на Ги де Мопасан, „Големите надежи“ на Дикенс, „Панаѓур на суетата“ на В. М. Текери, „Злосторство и казна“ на Достоевски...

Напишана разбирливо и читливо, книгата придонесува за популаризација на врвната светска литературна класица кај широк круг читатели.

Преводот на книгата е на Предраг Димитровски.

Цена: 250 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Животот на литературната класика

Категории: ,
ИСБН: 978-608-252-153-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Животот на литературната класика”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in