Зошто страдаме
Author:
Виктор Илиевски
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
Зошто страдаме |
Num. of pages:
224 |
Dimensions:
14x21 cm
|
Cover:
/
Проблемот на злото несомнено спаѓа во редот на критичните философски енигми кои сè уште ги вознемируваат умовите на философите на религијата, етичарите, теолозите. На страниците на оваа книга е претставена еволуцијата на иследувањето на проблемот во aнтиката, од самите зачетоци на неговото промислување, па сè до зрелите и релативно подробно изнесени теории на злото кои се јавуваат во добата на хеленизмот и доцната антика. Поблиското запознавање со овој специфичен аспект на учењата на античките философи, кој кулминира во делото на Плотин, ќе биде од полза за историчарите на философијата, за оние кои проблемот на злото го промислуваат низ призмата на современата метафизика и теологија, но и за секој човек кој со љубопитен ум се судира со бурите на секојдневјето.
Иследувањето на проблемот на злото, за жал, не го ужива заслуженото внимание во нашите учени кругови. Основната цел на овој труд е да даде барем скромен придонес кон настојувањето таквата состојба да се промени, а со тоа и да претставува мал чекор напред во обидот да се изнајде одговор на прашањето „Зошто страдаме?“
Reviews
There are no reviews yet.