Звукот на тишината
Автор:
Ева Ристевска
Издавач:
Ева Ристевска |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Звукот на тишината |
Бр. на страни:
168 |
Димензии:
21 см
|
Корица:
мека
Нинбург, септември 1960: Поствоена Германија, разбранувана со младински движења чии водачи се родиле во рушевините на војната, е средината во која младата Клара првпат влегува во средното училиште, кое ќе ѝ го промени животот. Девојка која се крие зад блокот цртежи со јаглен на кејот на реката Зале, која сака да остане незабележана од надворешниот свет, станува дел од необична дружина по име Еквилибриум, со која влегува во светот на политичките движења во Западна Германија.
Низ целата приказна владеат мистеријата и сенката што ја обвиваат Клара, борбата со анксиозноста и депресијата кои ја следат откако Зaле ја зеде својата прва жртва, а играта на судбината ја впушта во потрага на исчезнато момче која ќе отвори нов свет исполнет со мистерија, љубов, измами, гнев и заборав.
Приказна која плени со својата комплексност, проткаена со драма и романса, обвиена во мистерија со вклучени вистински историски настани - сите состојки потребни да создадат возбуда и тензија која ни еден читател нема да остави рамнодушен.
2 оценки за Звукот на тишината
Questions and Answers
You are not logged in
Sara –
Звукот на тишината ги истражува длабочините на човечката душа, мисли и чувства водени од анксиозноста кај една млада девојка која и покрај сите тешкотии, не се откажува. Местото и историскиот период во кој се наоѓа приказната совршено ја дополнуваат сликата на сивило, збунетост, страв, но и надеж, борба и љубов.
Топла препорака!
M.D –
5/5