Незгодите на питомецот Терлес / Соединувања
Автор:
Роберт Музил
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Die Verwirrungen des Zöglings Törleß Die Vereinigungen. Zwei Erzählungen |
Бр. на страни:
239 |
Димензии:
135x200
|
Корица:
/
Сместен во интернат на воено училиште, Заблудите на питомецот Терлес е напрегната студија за психолошкиот развој на еден адолесцент и неговата борба со своите противречни емоции. Заедно со други две момчиња, Терлес се соочува со садистичката и сексуална средба со трето момче, кое истовремено го фасцинира и му е одвратно. Така одвоен од секојдневниот живот, Терлес постепено учи да ги прифати своите искуства и да ги опише со аналитичка прецизност.
Во циклусот Соединувања, составен од два расказа („Совршенство на љубовта“ и „Искушението на тивката Вероника“) авторот отстапува од каузално-хронолошката нарација, заменувајќи ја со принципот на внатрешна мотивација. Сѐ се сведува на преплетеното значење на сликите, описите и метафорите што не можат целосно да се пренесат во подрачјето на разбирливото и искажливото. Главната тема на расказите е браколомството и љубовното неверство. Нарушувајќи ги острите граници меѓу доброто и лошото, разумот и чувствата, Музил создава нов вредносен систем, каде што се случува вистинското духовно растење.
„Во своите описи на љубовните врски и особено во портретирањето на вљубените жени, Музил е навистина оригинален. Во описот на сцените на физичка љубов, во последните педесет години ниеден писател му се нема доближено.“
В. С. Притчет
Оценки
Сѐ уште нема оценки.